Кога Меган Мартин објавила фотографија во тесен, црвен фустан, сигурно не се надевала дека нејзината фотографија ќе стане хит, но поради коментарот на нејзината баба.
17-годишната девојка од Шкотска на нејзиниот профил поставила фотографија на која позира заводливо, во фустан од сатен, со деколте кое на нејзината баба ја потсетило на нешто друго.
„На новата фотографија поради фустанот изгледаш како да имаш огромни брадавици. Подобра ми беше таа претходно“ – ѝ напишала бабата на својта внука.
Меган мислењето на нејзината баба го објавила на Твитер каде што твитот брзо станал вирален и собрал неколку илјади лајкови и исто толку споделувања.
„Умирав од смеење затоа што тоа не го ни воочив додека таа не ми испрати порака. Баба ми ги коментира поголемиот дел од моите фотографии и воглавно е многу искрена во врска со коментарите за облеката која ја носам. Не очекував дека нејзиниот коментар ќе стане вирален“ – изјавила Меган.