Бајага стана дедо: „Имам внука Сара и се во животот ми е порелаксирано“

ИЗВОРНов Лист
|

Рокерот Момчило Бајагиќ Бајага (61), на крајот на минатата година стана дедо. Имено, сопругата на синот на Бајага, Марко, се породи на 27 декември и на свет донесе девојче Сара.

– Така е, станав дедо – потврдил Бајага. Имам убава внука Сара и сега животот ми е порелаксиран. Далеку од тоа што кријам дека станав дедо, едноставно избегнувам да зборувам за мојот приватен живот.  Сè се случи сосема случајно – вели Бајагиќ.

Имено, тој коментираше и за Аки како и за понудата на Хусеин.

– Ме погоди веста за Аки. Кога Хусеин Хасанефендиќ ми предложи да им се придружам и да ја отпеам „Години поминуваат“, во почетокот бев збунет, бидејќи така се вика мојата песна. Сосема заборавив дека имаат и песна со исто име, која беше хит. Аки беше вистински тенор, и груб тенор, и на концертот ќе пеам со истиот тоналитет, но октава пониско. Убаво е да се оддаде почит на некој кој толку долго забавувал генерации.