Балканот се иселува: БиХ е рекордер, Албанија е на второ место, а каде е Македонија на листата?

ИЗВОРСкопје24
|

Статистичките податоци за миграцијата во Европа најмногу се фокусирани на земји од регионов во последните неколку години, а според најновите истражувања на чешкиот картограф, лингвист и математичар Јакуб Марин, 24,8 проценти од населението се иселило надвор од Македонија.

Кога станува збор за Балканот, рекордер е Босна и Херцеговина, односно таму најмногу жители ја татковината. Според Марин, со миграцијата структурата на населението во некои земји многу се изменила. БиХ има најголем процент на иселување. Според податоците на Марин, 43,5 отсто од граѓаните на БиХ живеат надвор од својата матична земја, а повеќето од нив имигрирале во Хрватска.

Шпанија има најниска стапка на емиграција, со само 2,7 проценти, а од Германија се иселиле 5 проценти од жителите.

Кога станува збор за земјите од регионот, Албанија е втора, од каде што се иселиле 38,8 проценти од населението. 20,4 отсто си заминале од Хрватска, додека 10,9 отсто од луѓето ја напуштиле Србија. Податоци се од 2015 година, но тие и денеска не се многу различни, можно е само некои бројки да се зголемиле.