Балканската пејачка стана 23та жена на шеик во Дубаи: Уживам со моите пријателки

ИЗВОРНов лист
|

Многумина балканци денес, во потрага по подобар живот, го напуштаат својот роден дом и заминуваат на печалба во некоја од побогатите земји во Европа или во светот. Така, и босанската пејачка Алма Туцаковиќ реши да ја напушти музичката сцена и да замине во Дубаи, каде што стана 23 жена на еден шеик. Како што открива за босанскиот магазин „Експрес“, таа е пресреќна и во Дубаи ѝ е преубаво.

„Уживам со своите пријателки и редовно ги исполнувам брачните обврски“, открива таа.

Иако знаеме дека животот во арапските земји не секогаш е мед и млеко, таа вели дека има целосна слобода и дека затоа што сопругот има уште 22 жени, не знае каде е секоја од нив во секој момент.

„Мислам дека ќе останам овде до крајот на животот. Ова е најбогата земја во светот и овде дишам слободно“, вели Алма.