Балкански vs. Европски мажи: Ракија и политика наспроти мачење и дисциплина

|

Мажите насекаде се различни од жените скоро во се, ама претежно слични со својот пол. Можеби навиките им се типични за поднебјето, но животниот стил дијаметрално спротивен

Таму каде што се слуша гласна смеа и се расправа за политика, се знае дека присутни се Балкански мажи. И ние Македонците имаме со нив премногу заеднички нешта, а тоа се должи на близината, живеењето во иста држава, историјата и меѓусебната блискост. Мажот Балканец лесно се препознава. Го красат неколку карактеристики својствени само и само на Балканот. Ако ги собереме заедно, иако зборуваат на различен јазик, меѓусебно се разбираат и имаат иста смисла за хумор. Се’ што сакаат е да пијат ракија и да зборуваат за политика, а ако им се здосади на таа тема, едноставно продолжуваат да си пијат. На здравје!

Од друга страна, европскиот маж според истражувањето на францускиот социолошки институт е мрзелив, барем што се однесува до средувањето на домот. На чело се Италијанците, па Шпанците, Французите, Британците… Да ги натерате да чистат по дома, е тоа за нив е неверојатно мачење. Да сменат дел од автомобил, па тоа би им ги извалкало рацете, а и не знаат како.

Балкански мажи

Ако се најдете на улица меѓу група мажи кои се изразено гласни- не се грижете, тоа се Балканци кои така спонтано си разговараат. Дури и во тишина се надвикуваат. Склони се да зборуваат во исто време, така што кога има повеќе од двајца, неминовна е расправија.

Балканците сакаат мноооогу да јадат и не се срамат заради тоа. Големи гурмани се. Кога ќе здогледаат храна ѝ се нафрлаат ко хиени. Во некој елитен хотел само мажи Балканци чекаат во голема колона пред шведска маса, ама има и друга група, исто така Балканци која е пред нив и може се да им изеде ако не се брзи и не ги преполнат чиниите.

Се условуваат со „брат“. Ако се собрани повеќе Балканци од земјите на поранешна Југославија, тоа е забава на која претежно ечи турбо фолк, и на сите им е криво што федерацијата се распаднала.

Ако вашиот нов пријател или турист ве праша по која улица да оди и одеднаш ве прекине со зборовите: „Жал ми е, телефонот ми звони. Тоа мора да е мајка ми.“ Бидете сигурни дека новиот познаник е од Балканот. Без разлика колку години има, неговата мајка му се јавува по 100 пати да праша дали јадел од тоа што му го спакувала, дали се истуширал, сменил чорапи, што правел вчера… и такви слични работи…продолжува тука