Банички со сирење: Домот ќе ви замириса од рано наутро

ИЗВОРНов Лист
|

Направете вкусни банички со сирење.

Потребни состојки: 1 кг. брашно; 2 дл. јогурт; 2 дл. масло; 1 дл. млака вода; 1 јајце; 1 лажиче сол; 1 лажиче шеќер; 30 гр. квасец; 500 гр. сирење и 2 јајца за фил.

ПОДГОТОВКА: Се разматува квасецот во млака вода и се додаваат останатите состојки па се замесува тесто. Се остава покриено половина час да нарасне. Се дели на 5-6 дела. Се прави топка од секој и се покрива, па се остава да одмори 10 минути.

Се ситни сирењето и се меша со две разматени јајца. Се зема по една топка, се расукува, се пресекува на пола и се прска малку масло. Се става фил и се замотува, па се завртува како полжавче. Се ставаат на плех со хартија и се печат на 200 степени додека не поруменат.

Во продолжение рецепт за лиснати кифлички со виршли и сирење.

СОСТОЈКИ: 275 гр. лиснато тесто; 6 виршли; 70 гр. сирење; 1 жолчка; сусам.

ПОДГОТОВКА: Се развлекува лиснатото тесто и се сече сирењето на стапчиња. Секоја виршла се сече на три дела. Се вадат делови од тестото, се става парче виршла и сирење и се замотува кифличка. Се редат во плех со хартија, па се премачкуваат со жолчка. Им се става сусам горе. Супер се со јогурт и кисело млеко.