Милош кој живее во Белград, бил во чудо кога на својот мобилен телефон од банка примил порака дека на неговата сметка има 280.000 дениари. Во евра, таа цифра изнесува околу 2.500 евра.
Сепак, Милош не знаел за тие пари, ниту истите биле негови, тој дури немал ни влезено во банката од каде што ги примил парите.
Не сакал да се изложи на било каква опасност, па се одлучил да го исконтактира инфо центарот на банката и ги замолил што поскоро да се разјасни оваа ситуација и да му се даде образложение од каде е оваа сума на неговата сметка.
Освен 280.000 динари, претходно имало и друга исплата од 500 динари.
Тој од банката добил образложение дека нивни клиент го користел телефонскиот број кој Милош го има сега и така настанала забуната. Всушност, грешката е во телефонскиот број, а не во сметката.
Но што ако Милош се одлучил преку телефонскиот број да купува нешто? Кој ке одговарал на клиентот, банката која ја направила грешката или Милош кој си добил новогодишен подарок? Банките некогаш умеат ненамерно да направат грешка за која неретко последици претрпуваат клиентите.