Барел нафта 110 долари, пазарот на криптовалути во „црвено“, паѓаат цените на житарките

|

Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава изнесува 110 долари, што е намалување од 3 отсто во однос на вчера. Цената на барел нафта на американскиот пазар е 106 долари.

Пазарот на криптовалути од утрово е во „црвено“. Биткоинот утрово вреди 20.489 долари, што е речиси 2% во споредба со вчера.

Цените на житарките од утрово се во минус. Цената на пченицата е 987 долари за тон, што е намалување за околу 5 отсто во однос на вчера.

Цената на пченката е 760 долари, што е исто така пад за повеќе од 3% во однос на вчера.