Бариери на работното поле за бикот, разочарување за рибите – Дневен Хороскоп

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Некој од колективот тежнее да го заземе вашето работно место. Не дозволувајте му да го направи тоа. На љубовното поле нема позначителни случувања, ќе ви се допадне еден предлог.

Бик (21.04 – 21.05)

На деловен план се можни неколку помали бариери. Поминете ги и остварете ги зацртаните цели. Во љубовта некои ситуации нема да зависат од вас, па ќе мора да почекате на одлука од партнерот.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Постојат ситуации кои нема да зависат од вашата волја. Можни се проблеми во комуникацијата со саканото лице, па затоа попуштете на некои негови барања. Можни се проблеми со бубрезите.

Рак (22.06 – 22.07)

Делувате амбициозно и непрекинато смислувате нови деловни решенија. Колегите и надредените го ценат тоа. Се однесувате наметливо во друштво на личност која ви се допаѓа, тоа може да ја одбие.

Лав (23.07 – 22.08)

Би сакале да бидете најдобри и секогаш да добивате пофалби. За тоа ќе треба малку повеќе да се потрудите. Планот поврзан за љубовта сигурно ќе ви се оствари.

Девица (23.08 – 22.09)

Некој нов деловно-финансиски успех делува како голем поттик на вашата околина. Потрудете се да ги остварите вашите емотивни намери и да придобиете нечија наклонетост.

Вага (23.09 – 22.10)

Ова е ваше време за деловен успех. Искористете го паметно. Зрачите со позитивна енергија, а тоа влијае добро на припадниците од спротивниот пол. Денес ќе ви се случи нешто убаво.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Колегите и надредените го ценат вашиот труд и вашето залагање. Во љубовниот живот започнува доста подобра љубовна фаза. Само опуштете се и уживајте во прегратките на саканото лице.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Време е да се ослободите од заостанатите финансиски прашања. Се додека не го направите тоа, нема да ви тргне на подобро. Во љубовта конечно ќе ги увидите вредностите на саканото лице.

Јарец (22.12 – 20.01)

Преокупирани сте со различните обврски, па никако да се опуштите. За слободните започнува период за вистинска љубов, оние во врска или брак ќе уживаат во хармонија.

Водолија (21.01 – 19.02)

Поминувате премногу време на работа и тоа ви пречи. Обидете се да најдете начин да го спречите тоа. Слободните водолии конечно ќе пронајдат начин да уживаат во слободата.

Риби (20.02 – 20.03)

Не трошете пари на беспотребни и главно бескорисни работи, бидејќи ќе имате поголема штета отколку корист. Разочарани сте од некоја постапка на саканото лице, но сепак не претерувајте со реакциите.