Баш ме интересира што се ќе ми земат извршителите: Аца Лукас проговори за парите кои и ги должи на Марина

ИЗВОРСкопје24
|

Фолкерот Аца Лукас е во голем проблем поради долгот од 100.000 евра кои не го исплатил, а поради кој Марина Туцаковиќ и нејзиниот сопруг Александар Фута Радуловиќ го тужеле. Извршителите му тропнале на врата, но во целата приказна најлошо поминала неговата поранешна сопруга Соња Вукасановиќ, бидејќи Аца се уште е пријавен на таа адреса.

Соња на извршителите им кажала дека се во станот е нејзино, а извршителите, со оглед на тоа дека се упатени во целата ситуација дека парот веќе не живее заедно, барале Соња да им достави докази дека таа ги купила.

Пејачот реши да се огласи по повод оваа тема.

Марина ја знам со години и пријатели сме. Еве, таа дури ми ја правеше и последната песна. Се слушнавме неодамна и тоа е делот кој се однесува до пријателството, а што се однесува до непријателската страна, не би знаел што да ви кажам. Ние долго соработуваваме на обострано задоволство и корист. Кој повеќе тука профитирал, не би знаел да кажам и не би влегувал во тоа – рекол Лукас, но не запрел тука.

Никому ништо не сум земал или украл. И оние кои ми дале пари, сум им ги вратил и им враќам. Значи секому. Лукас никому должен не останал. А што се однесува до извршителите, нека си ја работат работата и нека запленуваат што сакаат. Баш ме интересира што се ќе земат- рекол пејачот.

Изврпителите во првата прилика ги попишале работите како компјутер, фрижидер, шпорет и друг намештај, после што Соња му се јавила на Лукас и му рекла ведаш тоа да го регулира, како не би и ги однеле работите во вредност од 100.000 евра.