БиБиСи: Шест филмови за гледање оваа есен

|

Новинарите на БиБиСи издвоија шест филмски продукции меѓу кои секој ќе најде нешто за себе.
1.Тенет
Долго очекуваниот нов филм на легендарниот Кристофер Нолан. Станува збор за високо-буџетски научно-фантастичен филм во кој следиме таен агент кој открива мистериозно оружје со кое може да се врати во минатото. Би-Би-Си го опишува како мешавина од Бонд филмови, „Назад кон иднината“ и „На работ на иднината“.

2.Мулан
Тоа е римејк на истоимениот цртан филм од 1998 година. Судејќи според најавниот трејлер, нè очекуваат епски битки и спектакуларна сценографија.
Ги следиме искуствата на една млада Кинескиња која се маскира како воин за да го спаси својот татко и да го заземе неговото место во армијата.

3. „I’m Thinking of Ending Things“
Во овој филм, следиме една млада девојка која го придружува своето ново момче во изолираната фарма на неговите родители, а она што ја чека таму ќе ја натера да преиспита сè што знаеше за него, но и за себе.

4.„The Glorias“
Оваа есен нè чека биографска драма за феминистичката икона Глорија Штајн, во која го следиме нејзиниот живот, а ја играат неколку актерки во различни фази од животот. Така, во улогата на Глорија ќе ги видиме Џуиен Мур, Алисија Викандер, Лулу Вилсон и Рајан Киера Амстронг.

5.„White Riot“
Музичкиот документарец се занимава со движењето Рок против расизмот основано во 1976 година како одговор на растечките национални конфликти и антиимигрантските политики во Велика Британија. Би-Би-Си наведува дека филмот комбинира нови интервјуа со архивски снимки.

6.„Kajillionaire“
Во оваа комедија, Еван Рејчел Вуд игра млада девојка чии родители се ситни криминалци и кои со нив минуваат денови во кражби и измами, но сепак не можат да излезат од сиромаштијата. Сè се менува кога ќе се сретне со нов пријател што го поканува да им се придружи во неговиот последен потфат.