Пејачката Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ, син на сопругот на Лепа Брена од првиот брак, станаа родители на момчето Александар, а младиот татко прославата ја организираше во домот на Живојиновиќ.
Гордиот татко Филип за оваа прилика имал посебна маица, со цртеж на бебе.
Лепа Брена не ја криела среќата, а на фотографијата со мајката на Филип, Зорица и мајката на Александра, Борка, ниедна од лицето не ја крие насмевката.
По се изгледа дека тие две се во одлични односи и се поддржуваат една со друга.
Пред два дена во јавноста се огласи и мајката на Филип која е и прва сопруга на Боба Живојиновиќ.
-Јас денеска сум најсреќна жена на светот. Стигна нашата љубов, радост, среќа. Стигна Александар, напиша Зорица Накиќ на својот Инстаграм профил.
Филип и Александра првобитно планираа породувањето да се изврши во Америка, но поради големите компликации околу визата и останатите законски прописи, се откажале од тоа. На крајот се решиле за Белград и избрале една приватна клиника. Цената која Живоиновиќ морале да ја платат изнесува околу 5.000 евра. По излегување од клиниката на пејачката и нејзиниот сопруг прва ќе им помогне мајката на Александра, Борка, но и членовите на семејството на Филип кое живее во соседството – рекол извор близок до семејството.
Синот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ на Инстаграм објави фотографии од подарокот кој го подготвиле за бебето и фотографија од болница.
Погледнете:
Пејачката Лепа Брена не ја крие радоста дека нејзиниот посинок Филип стана татко. Во изјава за Блиц Брена рекла дека е одушевена од добрата вест, па еуфорично прознала како се чувствува.
Сите сме пресреќни. Го чекавме со нетрпение секој ден. Добро ни дојде, Александар, рекла Брена, а потоа на социјалните мрежи ја споделила најсоодветната фотографија, на која тааа, Филип и снаата Александра наздравуваат прегрнати.