Првиот чекор за човечкото колонизирање на Универзумот е прво да изнајдеме начин како да ги пренесеме луѓето на Марс и подалеку, за да се создадат човечки колонии.
Но, еволутивниот биолог Скот Соломон не е толку загрижен за начинот на кој луѓето планираат да го истражуваат Универзумот, туку на тоа што би можело да се случи на човечкиот вид откако ќе се пресели на други планети. Неговиот заклучок е дека човечките колонисти може да не бидат 100% луѓе.
Според Соломон, луѓето кои ќе живеат во Вселената би можеле да еволуираат доволно за да се разликуваат од луѓето на Земјата, така што би морале да ги сметаме за различен човечки вид.
Нискогравитациското опкружување на Вселената ја намалува густината на коските, што би го зголемило ризикот мајката да добие фрактура на пелвисот за време на природно породување.
Тоа ми можело да го направи породувањето со царски рез норма за вселенските истражувачи, чии деца Соломон верува дека ќе имаат поголеми глави бидејќи големината нема да биде ограничена од големината на каналот за породување.
Би можеле да се развијат и нови видови на пигменти на кожата, како што меланинот ни ја заштитува кожата од ултравиолетовото сончево зрачење на Земјата. Ова би значело дека идните генерации кои нема да живеат на Земјата би можеле да имаат сосема различни бои на кожа од нам познатите.