Балкан енерџи груп бара цената на парното да се зголеми за 300 проценти од 1 јануари.
Во барањето кое го доставиле до Регулаторната комисија за енергетика тие наведуваат дека цената на гасот им е драстично зголемена, односно за 300 отсто, во однос на јули годинава кога РКЕ ја донесе последната одлука за цената на топлинската енергија, пишува Фактор.
Колкаво зголемување ќе одобри РКЕ не е познато, но укажуваат дека Македонија нема домашно производство на гас и тој се набавува единствено од увоз, а цената на светските берзи е драматична.
БЕГ има резервирано количини на гас само до крајот на годинава и нешто малку за почетокот на наредната година која почнува за неколку дена, а потоа ќе мора да набави нови количини кои ќе бидат по драстично повисоки цени.
Официјално од Регулаторната комисија за енергетика велат дека колку точно ќе поскапи парното ќе се знае кога БЕГ ќе достават докази за тоа по која цена ќе го склучат договорот за набавка на гас за следниот период. Барањето на БЕГ сега им е вратено, а за зголемувањето ќе се одлучува кога ќе се достават бараните докази од страна на регулаторот.
Целиот текст прочитајте го на Фактор со клик ТУКА.