Владата воопшто ги нема исплатено субвенциите кон БЕГ за минатата грејна сезона а во моментов не постои важечка одлука која би била правен основ за исплаќање на субвенции во висина од 40 отсто од фактурите на граѓаните за новата грејна сезона. Затоа скопјани, корисници на услугите на БЕГ добија далеку повисоки агвустовски сметки од вообичанеите за парно греење.
Според информациите на Телма, средствата за субвенции на сметките на граѓаните се одобрени но зошто не се префрлени на посебната сметка на ЕСМ а потоа и кон БЕГ засега од Владата нема одговор.
Од БЕГ потврдија дека повисоките сметки се должат на инертноста на Владата и неисплатените субвенции за трите месеци од минатата грејна сезона во висина од речиси 100 милиони денари.
СУБВЕНЦИИТЕ КОИ БЕГ СНАБДУВАЊЕ ГИ ПРЕСМЕТУВАШЕ ВО ФАКТУРИТЕ ЗА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ВО МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ, МАРТ И АПРИЛ 2022 ГОДИНА ВО ВИСИНА ОД 99,6 МИЛИОНИ ДЕНАРИ СОГЛАСНО ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА СЕУШТЕ НЕ СЕ ИСПЛАТЕНИ, ОДНОСНО СУБВЕНЦИЈАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ НА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ДО ОВОЈ МОМЕНТ Е НА ТОВАР НА КОМПАНИЈАТА, ВЕЛАТ ОД БЕГ.
Одлуката за субвенционирање пак е истечена заклучно со завршувањето на минатата грејна сезона односно на 30 април па затоа од БЕГ велат дека не постои правен основ за субвенционирање на сметките на граѓаните за месец август. Сепак според нашите извори, прогласувањето на кризната состојба во стабдувањето со топлинска енергија која стапи на сила од денеска, го поништува престанувањето на важноста на владината одлука.
Од Регулаторната побараа од БЕГ веднаш да ги повлече и сторнира сметките за месец август за сите корисници и да изготви нови во кои ќе бидат пресметани државните субвнеции и последното покачување на цената одобрено до регулаторите во висина од 14 отсто.
За фактот што сметките се доставени пред да истече периодкот кој се фактурира од БЕГ велат дека е редовна пракса.
За граѓаните пак кои веќе ги платиле сметките, сумата ќе се одбива во наредните месеци
Регулаторната комисија во јуни и ја одзеде лиценцата за работа на БЕГ и тие веќе нема да може да ги снабдуваат скопјани со топлинска енергија. Повеќе од извесно е дека обврската ќе ја превземе државната ЕСМ која веќе формираше три компании дистрибуција, производство и снабдување.
Огнен Чанчаревиќ