|
Изминатиот период убави и радосни вести ни пристигнуваа од Зоолошката градина во Скопје. По повеќе од 20 години најпрво се родија мали лавчиња, потоа Зоолошката градина се збогати со една лама, лемурите нè израдуваа со нов подмладок, па на крајот се роди бебе камила.
Всушност, тука не е крајот на убавите вести. Имено, пролетта во скопската Зоолошка градина убаво започнува, овој пат со трето бебе лама.
– Пролетно имаме и трето бебе кај ламите, со уникатни шари 😍 Welcome baby boy ❤️, напишаа од зоолошката градина на социјалните мрежи каде ја објавија фотографијата од малата уникатна лама.