Бекамови заљубени и по 20 години брак: По крштевањето на децата славеле и танцувале до утрото

|

И по две децении брак, парот не престанува да предизвикува воодушевување – во секоја смисла.

Дејвид и Викторија Бекам ретко разменуваат нежности во јавност, но овој пат биле фотографирани како танцуваат и се бакнуваат на забава по повод крштевањето на нивните деца. Парот никогаш не изгледал толку среќно и заљубено, гласат коментарите на присутните. 

Викторија потонала во прегратката на саканиот сопруг, а додека танцувале заедно изгледале позаљубени од било кога, иако се веќе 20 години во брак. Тие танцувале на песната “Can’t Take My Eyes Off You” и се топеле во прегратката.

Во весело расположение Дејвид излегол на подиумот и почнал да танцува и со Марк Ентони, поранешниот сопруг на Џенифер Лопез, кој исто така бил на прославата која траела до доцна во ноќта.

Викторија споделила низа фотографии и видеа на Инстаграм, каде се гледа како минувала забавата.

Споделила и низа фотографии од своите деца, кумата Ева Лонгорија, Марк Ентони и останатите гости, но сепак, тоа што привлекло најголемо внимание, е љубовта меѓу Дејвид и Викторија која не бледее и по 20 години.