Од март минималната плата ќе биде 18 илјади денари, а до крајот на мандатот минималната плата ќе надмине над 20 илјади денари, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21.
Министерот Бектеши потенцираше дека согласно постигнатиот договор, плата ќе ја покрие просечната плата со 60,76% и таа ќе изнесува 18,000.
До крај на годината Владата ќе ја покрие разликата од тоа што се сложија стопанствениците до таа од 18 илјади што ја бараше синдикатот.
Меѓу другото, министерот Бектеши во емисијата појасни дека според новиот закон минималната плата не може да биде помала од 57 отсто од просечната плата, додавајќи дека со ова законско решение, зголемување на просечната и другите видови на плати, автоматски ќе се зголеми и минималната .
Министерот Бектеши во своето гостување на ТВ 21 информираше и за “Недела неработен ден”, каде додаде дека на секој вработен што ќе работи во недела во секторот трговија поголеми дневници за 100%, што значи дека Владата се грижи за правата на работниците.
Во емисијата се дискурираше и за приватниот сектор, министерот за економија рече дека Македонија е лидер во регионот во однос на поддршката на приватниот сектор.
Меѓу другото во дебатната емисија се дискутираше и за цената на електричната енергија.
Според Бектеши со мерките кои што ги донесе Владата со прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор се обезбеди дополнително домашно производство на струја што на крај влијаеше да нема драстично зголемување на цената за домаќинствата и малите потрошувачи.
Министерот Бектеши увери дека цената на електричната енергија за малите потрошувачи е замрзната, додавајќи дека Македонија поевтина цена во регионот на електричната енергија.