Бектеши: Нема најава за забрана за протокот на природен гас во земјава

|

Немаме најава за забрана за проток на природен гас. Трговците редовно ги снабдуваат индустриските капацитети со гас, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Немам информација дека е запрен гасот за Северна Македонија. Имаме трговци кои редовно ги снабдуваат индустриските капацитети и другите потрошувачи со гас. Немаме никаква најава за забрана за проток на природен гас од интерконекторот што го имаме со Република Бугарија, рече Бектеши на прес-конференцијата по средбата со поглаварот на Исламската верска заедница.

Во однос на тоа дали ќе се склучи договор со „Макпетрол“ за набавка на природен гас, Бектеши рече дека за тоа треба да одлучи ЕСМ.

– Ако ЕСМ има интерес во делот на цената зошто не би се склучел договор со Макпетрол или со други снабдувачи на гас. Ако цените се многу високи, ЕСМ има обврска да најде што поволна цена која нема да влијае на цените на потрошувачите, рече Бектеши.

MИА