|
Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција информираше дека утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на агенцијата агенција „Беса транс“.
Одговарајќи на новинарско прашање, Бектеши соопшти дека денеска во Министерството за економија пристигнал извештајот од Инспекторатот за труд што се однесува на лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“, според кој има разлика во сите информации за лиценцата коишто ги има таа агенција за транспорт.
Министерот додаде дека на барање на Министерството за економија, Пазарниот инспекторат ќе направи дополнителна контрола на условите и начинот на функционирање на „Беса транс“.