Бектеши за ТВ 24: До крајот на неделава ќе се донесе одлука дали и какви нови мерки ќе се донесат за кризата

|

Граѓаните со денови се загрижени за тоа како ќе го поминат месецот и целата година доколку на овој начин продолжат да растат цените на производите, горивата и струјата. Откако се одмрзнаа цените на 1 месецов, цената на горивата значително порасна и продолжува да расте.

Васта ги одби предлог законите на ВМРО ДПМНЕ со кои се бара преполовување на акцизата и намалување на ДДВ на 5 проценти за горивата и укинување на ДДВ за прехранбените производи до крајот на годинава.

Наместо тоа, Владата до петок ќе излезе со нови предлог мерки за ублажување на ценовниот ш*к. Деновиве се прават интензивни средби со стопанските комори, за да се утврди зошто некои компании ги зголемиле цените, на, како што вели министерот за економија Бектеши, манипулативен начин.

Сепак, новите мерки нема да бидат сеопфатни, туку таргетирани, тврди Бектеши. Ќе ги опфатат социјално загрозените категории, семејствата со ниски приходи и пензионерите со мали пензии. И додека Министерството за економија подготвува јавно објавување на фирмите кои правеле манипулација со цените, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека утре повторно ќе ги поднесат предлог законите, со кои тврдат дека бензините ќе се намалат за 24, дизелот за 20 денари, а притоа во буџетот ќе се слеваат истите пари како и досега.

За првите седум дена од јуни, откако завршија владините мерки, а нови нема, цените на горивата и прехранбените производи почнаа вртоглаво да растат. Министерот Бектеши вели дека мерките не ги продолжиле, оти со коморите се договориле цените да му ги остават на пазарот. Тоа предизвика некои производи да добијат и за повеќе од 50 отсто повисоки цени.