Со мерките кои што досега ги превзема Владата надоместивме 80% од фактурите за струја за домаќинства и над 60.000 компании беа покриени од Владата, напиша на Фејсбук министерот Бектеши.
„Понудената цена на струјата од страна на ЕСМ од 48 евра, не е ниту нереална (во вакви околности), а најмалку политичка.
Тоа е ОДГОВОРНА ОДЛУКА.
Просечната цена за мегават час електрична енергија за периодот Јули-Декември 2022 година на берзите се движи околу 350 евра. https://hudex.hu/en/
Во услови на енергетска криза, како одговорна Влада, секогаш им излегуваме во пресрет на граѓаните, така и ќе продолжиме во иднина.
Со мерките кои што досега ги превзема Владата надоместивме 80% од фактурите за струја за домаќинства и над 60.000 компании беа покриени од Владата.
Во оваа насока ќе продолжиме и понатаму се со цел да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови“, пишува во објавата.