Белата боја им е слабост: Зорица Заева и Љупка Митрова во тон (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Инфлуенсерката Љупка Митрова не пропушта ниту еден забавен настан во нејзиниот роден град, Струмица.

Атрактивната Љупка, сношти се дружеше со Зорица Заева, сопругата на премиерот Зоран Заев. Заева и Митрова во друштво на пријатели беа на традиционалниот настан „Струмица опен“.

Двете дами беа облечени во слична комбинација, Љупка во бела кошула со долги ракави и тексас шорц, а Заева во бела маица од свила со тантела и фармерки. Белата боја е една од омилените и на Митрова и на Заева, и на други настани се појавувале во неа.

Сношти на „Струмица опен“ се одржа вечер посветена на Тоше Проески. Успешен настап со хитовите на Тоше имаа Александар Јанева, Васил Гарванлиев и Марко Логаут.

слика

Александра Заева, ќерката на премиерот Зоран Заев, неодамна беше на свадба кај пријатели. Таа за оваа прилика избра едноставен фустан во зелена боја со миди должина. Комбинацијата ја надополни со црни сандали со циркони и црна чантичка.

Нејзиното момче Иван Проданов облече костим во потемна зелена боја, со кој беше во тон со својата девојка Александра.

Се гледа дека и на мајката и на ќерката модата и добриот стил им е во крвта, исто како на Љупка која како модна блогерка заработува од својот одличен стил.