Беше чувано во строга тајна: Откриени детали од договорот на Цеца со „Гранд“, а еве и уште колку пејачката ќе остане во жирито

|

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ е дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“, а сега откри и дали ќе остане таква.

Цеца признала и како и оди на снимањето и на колку време го потпишала договорот.

– Снимањето не ми е тешко, туку забавно. Се шегувам кога велам дека жирито ми оди на нерви, ние сме едно големо семејство. Потпишав договор на три години, па ќе бидам со нив уште две години – вели фолк ѕвездата и додава дека и се допаѓа победникот Нермин Ханџиќ, кој беше во тимот на нејзината кума Вики Миљковиќ:

– Во текот на целиот натпревар го поддржував тоа дете. Има насмевка од милион долари, премногу е сладок! – додава Цеца.

Ражнатовиќ открива со кого најмногу би сакала да сними дует.

– Сакав дует со Анастасија, таа ме откачи. Таа рече дека се уште не го достигнала нивото да сними дует со најголемата ѕвезда. Таа е скромна, питома и добра девојка. Од помладите пејачки, Анџелина ми е супер, што ако двајцата не ги вкрстат гласовите?! Таа е дете од мојата куќа, се дружи со Анастасија и Вељко. Покрај тоа, таа и самата пишува песни. Сите пофалби одат за неа – нагласи Ражнатовиќ.