„Беше ранет со 5-6 куршуми“ – од болницата со детали за состојбата на Раде Трајковски – Штекли

|

Раде Трајковски-Штекли продолжува да останува на интензивна нега, пренесува ТВ21. Директорот на Универзитетскиот медицински центар за торакална и васкуларна хирургија, д-р Неџат Јакупи во изјава за ТВ21 рече дека здравствената состојба на повредениот Раде Трајковски-Штекли е стабилизирана, но не може да се каже дека е надвор од животна опасност. На Штекли му е отстранет дел од белите дробови.

„Направена е обемна интервенција на левиот граден кош. Отстранет е дел од белите дробови оштетен од куршуми. Беа третирани рани на десното рамо. Пациентот ја поминал ноќта на интензивна нега, утрото бил стабилизиран. Тој е во состојба на свест со спонтано дишење и е под опсервација и на интензивна нега во Карил“, нагласи Јакупи.

ТВ21: Значи надвор од животна опасност?

„Во моментов е стабилизиран. Ги следиме сегашнитепараметри. Рано е да се процени идната состојба, како ќе се развива, но засега параметрите се стабилни“, изјави Јакупи за ТВ21.