Аница Миленковиќ беше една од најпознатите пејачки кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите, кога важеше за една од најплатените на нашата естрада.Иако со години ја нема никаде, јавноста не ја заборави.
Во 2007 година, таа замина на турнеја во Америка и повеќе не се врати. Таа живее на Флорида каде ги одгледува синот Филип и ќерката Барбара, а освен со пеење се занимава и со други работи.
Имено, Аница одржува станови и куќи, се грижи за стари луѓе, работела и како надзорник на чистачки во банка.
– Ме спомнаа, но не како што сакав и очекував. Ако веќе ме спомнуваат, нека ме спомнат за добрите работи што ги направив. Ако сакав да сокријам нешто или да се срамам од нешто, немаше да зборувам за тоа. Не се срамам од мојата работа што ја работам надвор од пеењето, иако сите ми велат дека е добро кога ме спомнуваат – изјави пејачката.
– Се уште пеам фала богу, што се однесува до настапите, најмногу правам, свадби и крштевки. Така почнав, и денес сакам да работам, па не ми недостига работа и многу сум среќна поради тоа – вели Аница и додава дека апсолутно е навикната на животот во Америка:
– Се адаптирав, моите деца се тука и животот овде изгледа како секаде, каде и да живее човек мора да работи, единствено е што сум на Флорида и нема зима и снег, тоа многу ми се допаѓа.