Бесплатен јавен превоз за сите граѓани – еве кога

|

Градот Скопје и оваа година обезбеди бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“ 2023.

Бесплатниот превоз ќе може да го користат сите граѓани во периодот од 18 часот денеска (30.09.2023 година) до 05 часот во недела (01.10.2023 година).

Традиционалната манифестација „Бела ноќ“, која годинава се одржува по 19.пат, за граѓаните ќе понуди изложби, перформанси, инсталации, концерти, театарски претстави и филмски проекции што ќе се одржуваат на повеќе локации во градот и ќе ја слават културата и уметноста во Скопје како Европска престолнина културата за 2028 година.