Бесплатен превоз ќе има и за средношколците и студентите

|

Во автобусите на ЈСП Скопје повторно ќе се возат бесплатно и средношколците и студентите на државните универзитети, откако претходно беше најавено дека мерката за бесплатен превоз почнува и за пензионерите од 25 март.

Тоа значи дека во автобусите на градскиот сообраќај во Скопје ќе се возат околу 80.000 лица бесплатно, а оваа мерка се враќа по прекинот поради панде*ијата.

Претходно од Град Скопје најавија дека постепено ќе почне бесплатниот превоз во автобусите на ЈСП Скопје, а еден од првите чекори е враќањето на бесплатниот превоз за студентите, средношколците и пензионерите.