Од денес ЈСП со бесплатен превоз за средношколците, но не и за пензионерите

|

Јавното Сообраќајно Претпријатие – Скопје (ЈСП), информира дека од денес, Вторник (1 Септември), повторно ќе важат бесплатните годишни средношколски билети за користење на јавниот превоз во Скопје.

Од ЈСП потсетуваат дека од пред три месеци во функција се и бесплатните годишни студентски билети.

Од таму потсетуваат дека и натаму не важи одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.