Бесплатно гледање филмови и серии на Нетфликс ? Може, еве како

|

Станува збор за бесплатна понуда на серии и филмови во продукција на Netflix, со едно ограничување, а тоа е дека бесплатна ќе биде само првата сезона од сериите.


Стримингот на серии и филмови станува се побаран и поголем бизнис, постојано сепојавуваат нови платформи, па затоа популарниот сервис Netflix одлучи да понуди бесплатно гледање на оригинални содржини и за оние кои немаат профил на платформата а со самото тоа не се претплатници.

На овој начин на гледачите им се овозмоува да се запознаат со серијата, па дури потоа да одлучат дали ќе станат претплатници и ќе продолат да гледаат.

Во понудата на Netflix бесплатно се повеќе серии како: Stranger Things, The Two Popes, When They See Us, Bird Box и повеќе други серии и филмови.

Кон бесплатните содржини треба да се пристапи преку линк а не со користиење на апликацијата на „Нетфликс“. Бесплатните содржини не може да се гледаат преку iPhone уреди.

Бесплатните содржини можете да ги гледате на следниот линк:

https://www.netflix.com/mk/watch-free