Бесплатно паркирање во Hug и Fly зоната на Скопскиот аеродром

ИЗВОРСкопје24
|

Важна информација за патниците

Почитувани патници, Би сакале да ве информираме дека бесплатното паркирање во Hug&Fly зоната, односно на улицата пред аеродромската зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје трае 10 минути, токму онака како што пишува на информативните табли за патници и на самите билети. Ве замолуваме како меродавно да го сметате времето на влез отпечатено на билетот за паркирање, и согласно тоа, да го планирате вашиот престој во било која од зоните за паркирање на Меѓународниот Аеродром Скопје. Следејќи ги светските трендови во авијацијата и аеродромското управување, Hug&Fly зоната ја воведовме пред две години, со цел да го намалиме метежот кој се создава од многуте возила паркирани пред терминалната зграда, и воедно да го олесниме движењето на нашите патници непосредно пред нивнитe летови. За повеќе информации во врска со паркингот на Меѓународниот Аеродром Скопје, ве молиме посетете ја нашата веб-страница, на следниот линк:

http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=375

Ви посакуваме пријатни патувања, ТАВ Македонија