“Бев зависна од мајонез”: Поради вишокот килограми не добивала улоги, а потоа конечно се појавила во серијата која ѝ го променила животот

|

Кога била емитувана првата епизода од “Пријатели” во 1994 година, на гледачите не им требало многу време за да ја засакаат Рејчел Грин – убава, духовита и модно освестена млада девојка.

Актерката Џенифер Анистон тогаш имала 25 години, а набрзо била и прогласена за една од најубавите жени на светот. 

И додека бројните обожавателки ѝ завидувале на изгледот, неодамна се појави вест дека Анистон во тоа време била под притисок дека мора да ослабне. Нејзиниот агент ѝ дал до знаење дека е “полничка” и дека треба да изгуби неколку килограми.

“Јадев премногу мајонез и пржени компири”, изјавила Џенифер уште во 1996 година за “Rolling Stone” и открила дека не добила бројни улоги токму поради тоа што имала вишок килограми.

“Агентот ми кажа дека треба да ослабнам и искрено благодарна сум му за тоа. Одвратната страна на Холивуд е тоа што изгубив бројни улоги бидејќи на режисерите им сметаа моите килограми”, објаснила актерката која дури по разговорот со агентот посветила внимание на здравата исхрана. Џенифер го исфрлила мајонезот и нездравите грицки и започнала секојдневно да вежба.

“Се посоветував со нутриционист. Беше нереално да гледам како моето тело се менува, никогаш не сум знаела дека можам така да изгледам”, изјавила Анистон која многу набрзо изгубила 14 килограми, а здравиот начин на живот набрзо станал нејзино секојдневие.

“Секое утро пијам топла вода со кришка лимон, потоа имам приватен час по јога, а по јогата одам во теретана”, искоментирала таа во една прилика.