Лето е време кога секој од нас ужива во лесни рецепти, па затоа израдувајте го вашето семејство со лесна торта со лимон и шумско овошје, чиишто слатко-кисели ноти ќе ви го освежат денот.
Потребно е:
200 гр. бисквити
2 лажички кафеав шеќер
6 лажички кокосово масло или 3 лажици путер
150 мл. јогурт од лимон
400 мл. слатка павлака
1 лажица рендана кора од лимон
2 лажици сок од лимон
Шумско овошје, нане
Шеќер во прав
Начин на подготовкa:
Бисквититe додајте ги во бленер. Растопениот путер додајте го заедно со кафеавиот шеќер и кратко блендирајте додека состојките се соединат. Извадете ја добиената смеса од блендерот, ставете ја во калап и оставете во фрижидер. За тоа време, во слатката павлака додајте шеќер и промешајте. Додајте ги лимоновиот сок и кората, а потоа додајте го јогуртот. Ќе добиете густа смеса. Додајте шеќер. Подлогата извадете ја од фрижидер и додајте го кремот. Чувајте ја во фрижидер 1h за да се стегне. Откако ќе се стегне, посипете ја питата со замрзнатото шумско овошје и наросете шеќер во прав.