Без електрична енергија ќе останат делови од овие три Општини

ИЗВОРНов Лист
|

Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците од скопските општини Бутел, Гази Баба и Аеродром. Причина за прекинот се техничките зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Според соопштението на Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по добиеното известување од ЕВН, од 8 до 10 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Натанаил Кучевишки“ во населбата Бутел 1.

Од 08:30 до 14:30 часот, без струја ќе бидат потрошувачите од улицата „Неготинска“ во населбата Ченто, а од 9 до 15:00 часот, корисниците од дел од селото Долно Лисиче.