На рускиот портал „Eda“ се појавил рецепт за автентичната руска салата кој ви го пренесуваме во продолжение.
Состојки: – 500 грама компири; – 300 грама месо; – 200 грама кисели краставички; – 2 моркови; – 4 јајца; – 200 грама конзервиран зелен грашок; – 1 главица кромид; – 1 лажица сенф; – 1 жолчка; – 1 лажица оцет; – 300 милилитри растително масло; – сол по желба.
Подготовка: Сварете го компирот, месото, морковот и јајцата.
Исецкајте ги на мали коцки.
Исецкајте ги краставичките и кромидот и додадете го зеленчукот, а потоа и грашокот.
Ставете го сенфот, солта и жолчката во длабок сад и матете со миксер. Додека миксирате додадете го маслото и оцетот. Не престанувајте додека мајонезот не ја добие потребната густина.
Сега сите состојки од руската салата помeшајте ги со мајонезот.
Пријатно јадење!