Без стоење до шпорет на жештините: Оваа „брза храна“ можете да ја правите цело лето

|

Ви претставуваме рецепт за вкусен и брз оброк-салата која потекнува од медитеранската кујна и е совршена за летните денови.

Температурите растат, а се намалува желбата да се троши време за динстање кромид и мешање на ручек, па затоа овој оброк-салата е одличен избор.

Во најжешките денови често избегнуваме да го вклучиме шпоретот, бидејќи тоа дополнително го загрева просторот, а најдобар избор за вкусен и богат ручек во вакви ситуации е „богатата“ оброк-салата.

Со правилен избор на состојки, нема да ви треба рерна или рингла, а можете да бидете сигурни дека ручекот ќе го завршите сити и задоволни. Најдобро од сè, потребни се само неколку минути, а тоа е многу здраво јадење кое е богато со растителни влакна.

Состојки:

1 конзерва исцеден грав
2 краставици исечени на коцки
грст црвен пиперка исечена на коцки
3 лажици маслиново масло
2 супени лажици сок од лимон
Раздробено сирење по вкус
половина главица кромид исечкана на тенки прстени
2 лажички оригано, копар или билки по желба
црни маслинки по вкус
сол и бибер по вкус
Подготовка:

Измешајте масло, сок од лимон, бибер и билки по желба.
Потоа додадете ги краставиците исечкани на коцки, потоа гравот, пиперките, кромидот, маслинките и издробеното сирење (идеално фета).
Сè убаво измешајте, па ставете го во фрижидер убаво да се излади за да биде уште поосвежително.