|
Утрово дел од клиничкиот центар „Мајка Тереза“ остана без струја. За тоа сведочат фотографиите кои беа испратени до Курир.
Како што може да се види од самите фотографии, пациенти чекаат во темница по ходниците завиткани во јакни и ќебиња.
Редакцијата на Курир провери дали претходно имало најава за прекин на електрична енергија во овој дел, но не наиде на никакво известување од страна на ЕВН.