Без струја денеска делови од Скопје

|

Без струја денеска ќе бидат корисниците од дел од улиците од општините Карпош, Аеродром и Центар.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по добиеното известување од ЕВН, причината за прекинот на електричната енергија се технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Од 9 до 13 часот без струја ќе бидат дел од потрошувачите на улиците „Драгутин Аврамовски Гуте“, „Иван Цанкар“ и „Вангел Дину“, како и корисниците од булеварот АСНОМ броеви 9 и 13 и улицата „Фебруарски Поход“ броеви 34 и 36.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Стив Наумов“ број 102 Г и број 102 Д