Без струја и вода повеќе делови од Скопје

|

Дел од корисниците лоцирани на улиците „Прашка“ и „Париска“ во населба Тафталиџе денеска од 9:00 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради санирање дефект на огрлица од Ф-100 мм на улица „Прашка“ бр.16.

Прекин во водоснабдувањето од 9 часот ќе имаат и дел од корисниците од булевар „Свети Климент Охридски“. Прекинот е поради дефект во шахта на булевар „Свети Климент Охридски“ бр.15 во населба Центар.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.

Поради технички зафати во системот утре без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Јане Сандански“ во општина Аеродром, информираат од РЦУК Скопје.

Во период од 08:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Јане Сандански“ со број 86, 88 и 90.