Од ЕВН Македонија АД известуваат дека планирано исклучување на електрична енергија на ден 27.05.2022 година (петок) ќе имаат корисниците:
Од 08:00 до 12:00 часот корисниците од објектите од терминал Стенковец до Блаце граничен премин (о.Ѓ. Петров)
Од 08:00 до 15:00ч. дел од с. Добри Дол (о. Аеродром)
Oд 09:00 до 14:00 часот дел од корисниците од ул. Брегалница (о.Ѓ. Петров)
Од 09:30 до 13:30 чaсот дел од корисниците од ул. Демир Трајко (о.Ѓ. Петров)
Исто така од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска без вода ќе останат корисници од три скопски општини.
– Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф -80 мм на ул. Јордан Хаџиконстантинов Џинот бр. 21, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица како и дел од бул. Илинден и дел од ул. Аминта Трети (потегот околу градски парк). (Општина Центар)
– Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф -100 мм на ул. Димо Хаџидимов бр. 64, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица како и дел од ул. Божидар Аџија и ул. Михаил и Ефтихиј. (Општина Кисела Вода)
– Поради замена на затворачи во резервоарот за питка вода во с. Копаница, од 07:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од селата: Копаница и Буковиќ. (Општина Сарај).