Без струја и вода утре повеќе населби во Скопје

|

Без електрична енергија утре ќе бидат корисниците во делови од општините Карпош, Кисела Вода и Сарај.

Како што соопшти РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД, без електрична енергија од 09:45 до 14 часот ќе бидат објектот на Асиба, Архивот и околните објекти, а од 09:35 до 13:30 часот дел од објектите во Градскиот парк во општина Карпош.

Од 08:30 до 11:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од улицата „Франц Харкорт Манинг“, дел од улицата „14-ти Декември“, ОУ „Круме Кепески“, дел од улицата „Георги Димитров“ (кај Тенекс), а од 09:30 до 11:30 часот корисниците од улиците „Герника“ 6, „Герника“ 8 и „Герника“ 10 во општина Кисела Вода.

Без струја од 10 до 14 часот ќе бидат корисниците на дел од село Ласкарци во Општина Сарај.

Исто така од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 02.12.2021 година (четврток):

Утре без вода Гинекологија Чаир, Дижонска и Коста Абрашевиќ
На ул.Дижонска 23 ќе се изведува водоводен приклучок од Ф-150мм, без водоснабдување од 09:00 часот до завршување на водоводниот приклучок, ќе останат корисниците на дел од улиците: Дижонска и Коста Абрашевиќ, како и Ј.З.У.Мајка Tереза (по старо гинекологија Чаир). (општина Чаир)