Поради технички зафати, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во населбата Драчево и во општините Чаир и Сарај, информираат од ЕВН.
Без струја, од 09:00 до 14:00 часот, ќе бидат дел од улиците: „Маркова Река” и „Малешевска” во населба Драчево, општина Кисела Вода, како и дел од улиците: „Чаирска”, „Цветан Димов”, „7-ма Албанска бригада”, „Јајце”, „Бајрам Шабани”, „Зеф Љуш Марку” и ОУ „Тефејуз” во општина Чаир.
Утре без струја ќе бидат корисниците од од селата Буковиќ, Семениште, Паничари, Раович и Ласкарци во општина Сарај 09:30 до 14:30 часот.