|
Поради реконструкција на водоводна цевка Ф80 милиметри на улица „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, во близина на зградата на Владата, со прекинато водоснабдување денеска ќе бидат корисниците од оваа и од улиците:
„Ристо Шишков“, „Аминта Трети“, „8-ми Март“ и „Наум Наумовски Борче“, како и дел од булеварот „Илинден“, во Општина Центар, информираат од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје.
Од таму појаснуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот и ќе трае до завршување на работите.