Поради промена на два шибери од Ф-250 милиметри на улица „Благоја Стефковски“ бб во населба Маџари, прекинато водоснабдување од 9:00 часот имаат корисниците на дел од оваа и соседните улици „Дончо Штипјанчето“ и „Жан Жорес“, како и населбата Хиподром и село Трубарево.
Воедно поради дефект Ф-80 милиметри на улица „Девол“ број 6 во населба Козле, прекинато водоснабдување од 9:15 имаат корисниците на дел од улицата и населбите Трнодол, Жданец и Нерези.
Додека, пак, од 09:30 часот без вода ќе бидат корисниците од улицата „Македонски Кралеви“, поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на оваа улица брок 8.
Поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на улица „Радишанска“ број 360 од 09:45 часот без водоснабдување се корисниците на улицата „Радишанска“ (Бел Камен).
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде во прекинато се до завршување на активностите.