|
ЈП „Водовод и Канализација” – Скопје постојано ја информираат јавноста за тоа каков е квалитетот на водата за пиење и редовно го одржуваат системот како и навремено ги решаваат проблемите кои се јавуваат.
Така, денеска без вода ќе бидат корисниците на дел од населба Ѓорче Петров 2, односно Дексион, како и улица „Индира Ганди”, дел од улица „Македонско Косовска Бригада” и дел од Визбегово, информираат од ЈП „Водовод и Канализација” – Скопје.
Прекинот на водоснабдувањето во Ѓорче Петров е поради дефект на приклучна цевка на „Борис Сарафов” 155, додека на останатите улици, прекинот е поради дефект на приклучна цевка на „Индира Ганди” 31/33/ . Прекинот со водоснабдувањето ќе биде додека не се заврши санација на дефектот.