Без вода утре жители на неколку скопски населби

|

Поради санација на изгорена мерна келија во трафостаницата лоцирана во ПС Припор, пумпната станица поради прекин на електрична енергија и технички зафат на ЕВН утре нема да работи од 08 до 17 часот, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Од таму информираат дека додека трае зафатот, прекин на водоснабдување ќе има во населбите Аеродром и Ново Лисиче (висока зона ), дел од Кисела Вода, Припор, Ракотинци, Сопиште и Добри дол.