Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска денеска во интервју за ТВ 24 уште еднаш потврди дека девизниот курс на денарот е стабилен и таков ќе остане. Таа ова го соопшти и по средбата со министерот за финансии Фатмир Бесими во петокот во Народната банка.
– Централната банка успешно ја одржува стабилноста на девизниот курс што говори за нејзиниот капацитет кој го има на располагање за одржување на стабилноста. Оваа монетарна стратегија на стабилен девизен курс на денарот е соодветна стратегија во линија со фундалемнтите на македонската економија и дека Централаната банка има доволен капацитет да го одбрани курсот. Оваа потврда за стабилноста на курсот се девизните резерви кои се клучната алатка при ваков тип на монетарната стратегија кои според последно расположливите податоци изнесуваат околку 3,4 милијарди евра што е двојно повисоко ниво во однос на 2008 година на гобалата финансиска криза – децидна е гувернерката.
Инаку, почетокот на дестабилизацијата имаше ефект врз глобалните пазари и инвеститорите. Цените на примарните производи, храната и енергенсите пораснаа, додека цените на акциите се намалија, што е очекувано однесување кај инвеститорите во вакви случаи. Ова ќе повлијае и на процесот на опоравување на глобалните синџири, со оглед на улогата на Рус ија и Укра ина во нив, како едни од најголемите производители на енергенси и жито.