Прекин во водоснабдување денеска од 9 часот ќе имаат дел од корисниците од улиците „Чаирска“ и „Отокар Кершовани“ и факултетите при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, односно Економскиот факултет и Ректоратот.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-175 мм на улица „Крсте Мисирков“ бр. 9.
Од 9 часот денеска без вода ќе бидат и дел од жителите на улиците „Георги Димитров“ и „14 Декември“ во општина Кисела Вода. Прекинот е поради уличен дефект на улицата „Георги Димитров“ 66.
Поради уличен дефект на улицата „Преспанска“ број 16, прекин во водоснабдувањето денеска од 9 часот ќе имаат и корисниците од населбата Маџир Маало.
Водоснабдувањето во сите три реони ќе биде прекинато се до санирање на дефектите.
Без електрична енергија денеска од 8:00 до 14:30 часот ќе останат дел од корисниците од Средно Водно, Горно Нерези и Крушопек.
Во периодот од 9:00 до 14:30 часот денеска без струја ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улицата „Христо Татарчев“ бр. 23 во населба Припор, општина Кисела Вода.
Од 8:00 до 12:00 часот денеска без струја ќе бидат дел од жителите од улицата „Загребска“ во општина Центар, а од 9:00 до 12:00 часот жителите од село Горно Соње, дел од место викано Под Брег.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички интервенции во дистрибутивната електромрежа.