Јелена Карлеуша бурно изреагира на девојка од музичкото натпреварување то „Ѕвездите на Гранд“, кога слушнала дека подготвила песна од Зорица Брунцлиќ. Тоа изгледа не и се допадна ни малку. Поради тоа, Зорица многу се навреди па јавно ја нападна поп-фолк дивата, која од натпреварувачката веројатно барала нешто поразлично од тоа што често го пее и е по што е препознатлива.
„Да видам како размислуваш“, се трудеше Јелена околу натпреварувачката.
„Од Зорица…“, и одговори натпреварувачката под трема, кога ЈК со викање ја прекина.
„Веројатно Брунцлиќ! Така ли?“ ја испитуваше Карлеуша на што девојката само се насмевна и потврди со нејзината глава.
На сето ова Зорица и одговори на социјалните мрежи и и упати остра порака па ги крена сите на нозе.
„Јелена ти знаеш се да правиш освен да пееш! И во иднина кога ќе го споменеш моето име и делото на Зорица Брунцлиќ – стани и поклони се! Би ти рекла срам да ти е, ама ти очигледно не знаеш ни што значи да се срамиш!, бесно и одговори пејачката со што предизвика лавина на коментари.
Да се потсетиме, веста за разводот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ одекна на Божиќ. Причината за тоа се пораките кои пејачката наводно ги разменувала со колегата на нејзиниот сопруг, фудбалерот Огнен Врањеш, па поради тоа тој и го запленил и телефонот. Парот ова брзо го демантираше не ни помислувајќи на тоа што ќе следи.
ЈК отпатува во Кина со цел да се смири со Душко и да го зачува својот брак во екот на аферата со босанскиот фудбалер, но откако се врати во Србија, излегува од домот само за да оди на снимањето на ова шоу.