Бидете внимателни: Лица се претставуваат како полицајци и изнудуваат пари

ИЗВОРНов Лист
|

СВР Охрид апелира да не се наседнува на измами преку повици од непознати лица.

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лица кои лажно се претставуваат како службени лица и вршат измами, претежно на повозрасни граѓани од Охрид, со телефонски јавувања за наводно случена сообраќајна незгода со членови на нивните семејства. Притоа, користејќи ја нивната вознемиреност и загриженост, од нив изнудуваат парични средства.

„Апелираме до граѓаните, посебно до повозрасните, да не наседнуваат на вакви и слични измами, преку повици добиени од непознати лица и секој таков случај да го пријават на телефонскиот број 112 или во најблиската полициската станица“, велат од СВР Охрид.